Ѕвездата од филмот „Пирати од Карибите“, Џони Деп, го тужи британскиот таблоид „Сан“ затоа што го нарекле насилник кој ја претепал жена си. Глумецот се појави во својство на сведок во судот, каде што се соочил со незгодната снимка.
Деп изминатиот период сè почесто се наоѓа во судниците поради својата поранешна девојка, глумицата Амбер Херд. И таа го обвини Деп за семејно насилство, а неговата одбрана тврди дека нејзината единствена цел е да извлече повеќе пари од нивниот клиент.
Како доказ за нејзините тврдења, Амбер во неколку наврати приложила до судот фотографии од нејзините модрици и повреди за кои тврдела дека ги добила од Деп, а сега на неговото последно судско рочиште, во кое глумецот го тужи британскиот весник, се појави снимка од неговото насилство.
На судењето ќе говори и Амбер. Деп до денес негира дека некогаш бил насилен кон својата поранешна сопруга, но признава дека поради својата зависност, ѝ предизвикал многу болка во нивниот однос.