Додека се во самоизолација во нивниот дом во Португалија, Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина го користат секој момент за да бидат активни. Тие во својот двор имаа мал тренинг и кардиовежби.
Иако врнеше дожд, тоа не ги спречи да трчаат спринтови. Роналдо на „Инстаграм“ го објави видеото кое го сними нивен пријател ѝ и покажа на Георгина како трча по нагорнина.
„Мојата преубава тренинг партнерка“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.
Претходно играчот на тимот од Торино во повеќе наврати покажа дека тренира додека е во самоизолација, а објави и интересно видео, во кое Георгина има улога на фризер. Во наредниов период се очекува и повик од клубот Јувентус за враќање во Италија, каде ќе продолжат подготовките за завршницата од сезоната.