На премиерата на филмот „Wicked: For Good“, се случи непријатна сцена кога еден обожавател се стрча кон Аријана Гранде и се обиде да ја прегрне толку нагло што речиси ја повлече надолу со себе. Синтија Ериво, колешката и блиска пријателка на Аријана, веднаш реагираше – таа застана помеѓу пејачката и непознатиот маж и го турна подалеку од себе, спречувајќи потенцијално посериозен инцидент.
Во исто време, Мишел Јео цврсто ја зграби раката на Гранде за да не ја изгуби рамнотежата и да падне под притисокот на ненадејниот налет.
Cynthia Erivo protects Ariana Grande from a ‘Wicked: For Good’ premiere attendee. pic.twitter.com/XQBeQJWZsI
— Pop Base (@PopBase) November 13, 2025
Публиката и фотографите беа видливо шокирани од однесувањето на мажот, како и самата Аријана, која накратко остана без зборови, со збунет израз на лицето. Откако Ериво го тргна, обезбедувањето брзо интервенираше и го извлече од тепихот.
Видео од инцидентот набрзо се појави на интернет, а корисниците на социјалните мрежи веднаш ја пофалија Синтија за нејзината брза реакција. „Таа има подобри рефлекси од обезбедувањето“, напиша едно лице на Икс. „Реагираше побрзо од неколку покрупни и поголеми обезбедувачи“, „Синтија е заштитник на Аријана“, беа коментарите.
Многумина го осудија и однесувањето на човекот: „Како е толку тешко за некои луѓе да се однесуваат како нормални човечки суштества? Ова е неприфатливо.“
@snmicka je l’aime d’amour #arianagrande #wicked ♬ Popular – Ariana Grande
Аријана Гранде неодамна доживеа инцидент во Париз.
фотo: принтскрин






