(ВИДЕО) Хрватскиот глумец Горан Вишниќ во оганот од пожарот во Лос Анџелес  

Хрватскиот глумец, со холивудска кариера, Горан Вишниќ, кој живее и работи во Америка, се нашол заробен во пожарот во Лос Ангелес, заедно со сопругата Ивана и нивните деца. Тој на социјалната мрежа Инстаграм споделил вознемирувачко видео. Калифорнија е зафатена од ужасен пожар, а славниот глумец на социјалната мрежа објавил видео на огненото дивеење и тоа и вознемирило неговите фанови.

Во околината на Лос Ангелес поради пожарот кој бргу се ширел настанал општ хаос и на мештаните им е наредена евакуација.

Scroll to Top