(Видео) Книезите снимија своја верзија на „Топ Ган“

Продолжението на хит филмот „Топ ган“ со Том Круз во главната улога минатата година ги собори рекордите со заработка од 1,4 милијарди долари, а оваа година и Кинезите направија своја верзија наречена Born to Fly.

Филмот е многу сличен со американската верзија и ја следи Леја и елитните пилоти кои минуваат низ ригорозни тренинзи за да станат најдобри во својата работа. Ги предводи искусниот командант Џанг, а имаат задача да ги тестираат најмодерните борбени авиони.

Филмот е полн со акција и сцени каде главните актери малку фали и да загинат, но сепак на крајот конечно ќе ја исполнат својата задача. Филмот ќе излезе на 28-ми април и прво ќе се појави во Кина, по што ќе се прикажува и во Европа и САД.

Продукцијата на филмот беше поддржана од кинеското воздухопловство и компанија за производство на авиони. Она што е интересно е што Born to Fly требаше да излезе минатата година, но беше одложено од непознати причини. Беше објавено дека специјалните ефекти се неубедливи, а некои тврдеа дека се одложило бидејќи филмот премногу потсетувал на „Топ Ган“.

75 проценти од билетите за кинеската проекција се веќе продадени, и има заработка од три милиони долари.

Scroll to Top