(Видео) Коби Брајант доби „Оскар“ за краткометражен филм

НБА-ѕвездата Коби Брајант е првиот кошаркар што освоил „Оскар“. Тој заедно со Глен Кин ја доби наградата за најдобар краткометражен анимиран филм за Dear Basketball. 4-минутниот филм е инспириран од говорот што го одржал Коби кога се збогувал со кошарката.

„Не знам како е ова возможно. Како кошаркари ние само би требале да молчиме и да ја дрибламе топката. Мило ми е што правиме многу повеќе од тоа“, рече поранешниот кошаркар на ЛА Лејкерс во говорот алудирајќи на контроверзниот коментар на тв-презентерката Лора Инграм.

Наградата му ја врачија актерите од „Војна на ѕвездите“, а првата честитка ја доби од својот голем пријател, кошаркарот Шекил О’Нил.

Scroll to Top