Ар-ен-би пејачот Крис Браун на концерт во Манчестер и играше во скут на поранешната реалити ѕвезда Наталија Зопа од „Лав Ајланд“.
Пејачот ја поканил Зопи да се качи на сцената. Ја седнал на столче. А за време на атрактивниот настап тој ги обвил рацете околу нејзиниот врат и се качил врз неа танцувајќи и во скут. Наталија танцот на Браун го поздравила со насменва, го фатила за рака и го охрабрила да продолжи да танцува, пишува Дејли Мејл.
Облечен во светло сини фармерки и бела маица со кратки ракави, пејачот почнал да и го бакнува вратот на Наталија. Подоцна, при крајот на настапот, Браун ја фатил за врат со едната рака и ги држел рацете споени со нејзините.
Наталија на Инстаграм напишала дека е разочарана што не се фотографирала со Браун за да има спомен од овој момент.
„Жално што не добив ниту една слика, но толку многу луѓе ме прашаа за детали за облеката што ја носев таа вечер“, напишала таа.
Крис Бруан моментално е на светската турнеја „Андер д инфлуенс“, со која во последните неколку недели посети градови како Лондон, Глазгов и Даблин.