(Видео) Мадона се сопна и за малку ќе паднеше во високи чизми во Њујорк

Мадона беше на ревијата на Luar на модната недела во Њујорк. Таа се појави во беж модна комбинација која ја комплетираше со чизми на високи потпетици.

Додека пристигнувала на ревијата, еден од присутните ја снимил и така го овековечил незгодниот момент кога пејачката се сопнала и за малку ќе паднела.

Мадона не е единствената од нејзиното семејство која се појави на модната недела во Њујорк. Нејзиниот 18-годишен син Дејвид Банда дебитираше на модната писта за време на шоуто Off-White. Носеше кариран елек, плисирани панталони и црни апостолки.

Scroll to Top