(Видео) Матуиди го порази Роналдо

Играчот на Јувентус, Блас Матуиди, го прифати предизвикот на Кристијано Роналдо и успеа да го победи во правење стомачни вежби. На социјалните мрежи додека луѓето низ целиот свет се во самоизолација, се шири игра таканаречена предизвик. Луѓето се предизвикуваат едни со други за сè и сешто.

Роналдо ја воодушеви спортската јавност со својата физичка подготвеност. Тој успеа да направи 142 стомачни вежби за само 45 секунди. Тој ги предизвика своите фанови да го сторат истото.

Неговиот пост за кратко време стана хит на социјалните мрежи, а истиот допре и до неговиот соиграч Матуиди, кој исто така е во изолација, откако претходно беше и позитивен на вирусот „Ковид-19“.

Играчот за врска на Јувентус го прифати предизвикот од својот колега, и за истиот временски интервал направи два стомачни повеќе од Роналдо (144 за 45 секунди).

За разлика од Роналдо, кој изолацијата ја минува во својата Португалија, Матуиди е во Торино и чека на решение на фудбалските власти што ќе се случува со фудбалот во Италија оваа сезона.

 

View this post on Instagram

 

@cristiano, you killed me bro 🙅🏾‍♂ Next time we run ! #Playinside #Livingroomcup #144 😂

A post shared by Blaise Matuidi (@blaisematuidiofficiel) on

Scroll to Top