(Видео) Меган го откачи Хари и не му дозволи да ја бакне

Принцот Хари со сопругата Меган синоќа беа на кошаркарски натпревар во НБА меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Мемпхис Гризли. Камерите ги фатија во незгоден момент. Додека Хари се обиде да ја бакне Меган, таа го откачи, а во исто време беа снимени на камера.

Моментот го видоа повеќе од 20.000 навивачи, а меѓу нив беа и Адам Сандлер и Ким Кардашијан. Публиката почна да навива за Хари и бараше од Меган да му дозволи на ја банке. На крајот на прнцот му стана незгодно, откако сопругата го откачи.

Ова беше нивно прво појавување во јавност, откако Меган одлучи дека не сака да присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети. Додека Хари ќе биде со кралското семејство, Меган ќе остане во Калифорнија каде ќе го прослави 4 роденден на синот Арчи.

Scroll to Top