(Видео) Обожавателка притрча до Џоли и ја прегрна, многумина ја пофалија реакцијата на актерката

Актерката Анџелина Џоли беше на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, каде се фотографираше со обожавателите и даваше автограми. Таа беше на фестивалот по повод премиерата на нејзината воена драма „Без крв“, која ја напиша и режираше.

Сепак, на социјалните мрежи се прошири видео од една ситуација и многумина се шокирани од однесувањето на една обожавателка.

Додека Џоли позирала со фановите, била опкружена со неколку обезбедувачи. Сепак, тие не биле проблем за една обожавателка која притрча кон актерката и силно ја гушна.

@vanessatresjolie 😅 #angelinajolie #fan #hug #security #tiff #toronto #withoutblood ♬ suono originale – ANGELINA JOLIE ALIKE

По очигледниот првичен шок на лицето на актерката, таа сфатила дека девојката не е закана и кратко разговараше со неа.

„За среќа, обожавателката беше безопасна“, „Анџелина добро реагираше, но фановите навистина треба да научат за личниот простор“, „Драго ми е што Анџелина Џоли е добро и покрај храбриот потег на обожавателот“, „Ова е толку страшно. Замислете да беше различен тип на „обожавател““, „Некој во нејзиниот тим за обезбедување треба да добие отказ“, „Потребно ѝ е подобро обезбедување ако обожавател може така лесно да стигне до неа, замислете ако сака да ја повреди, има многу луди луѓе таму“, се дел од коментарите.

Scroll to Top