(ВИДЕО) Пак ќе се соберат Friends!

Неколкупати се шпекулираше околу повторно снимање на популарната серија Friends, дури и како филм. Неодамна објавен трејлер привлече големо влијание во јавноста, за набргу да се дознае дека всушност станувало збор за лажна снимка.

Актерката Џенифер Анистон како гостин во шоуто на Елен Деџенирс повторно одговараше на истото прашање – Дали Friends ќе се соберат повторно?

„Зошто сте опседнати со тоа? Сè е возможно. Мислам, дури и Џорџ Клуни се ожени“, изјави актерката.

Минатата година, одговарајќи на истото прашање, Рејчел изјави дека не би сакала тоа да се случи бидејќи не знае како тоа би изгледало во денешницата, која подразбира технологија и сите други напредни работи.

Scroll to Top