(Видео) Пике и пријателите, инспирација за новата песна на Шакира

Шакира по раскинувањето со Жерар Пике работи со полна пареа, а утре ќе се претстави нејзината нова песна насловена El Jefe. Колумбиската пејачка на својот Инстаграм профил објави тизер од песната која во превод го носи насловот „Шефот“.

Кратко видео на кое тој пее и танцува е дел од новата песна и веќе собра над два милиони лајкови.

Илјадници обожаватели во коментарите напишаа дека со нетрпение ја очекуваат новата песна, а некои забележаа дека и оваа песна ги повикува Пике и неговите пријатели.

Имено, по разводот, пријателите на поранешниот фудбалер тврдеа дека тој бил жртва на познатата пејачка која била арогантна и глумела шефица, па дури и неговите пријатели и дале прекар „газдарица“.

Scroll to Top