(Видео) Путин влезе во леденото езеро Селингер за Богојавление

Рускиот претседател, Владимир Путин, се искапа во заледеното езеро Селингер на традиционалната прослава на Богојавление во Русија. Ова е долгогодишна традиција на православната црква, а верниците низ цела Русија се капат во студена вода.

Путин влезе во ледената дупка на езерото Селигер, северно од Москва, по повод одбележувањето на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан. Путин до езерото дојде во крзнен капут и ги запраша насобраните новинари дали им е ладно. Потоа го соблече палтото и влезе во водата претходно осветена од руското свештенство.

Традиционалното капење во ледените реки и езера во Русија се одвива во текот на ноќта помеѓу 18-ти и 19-ти јануари.

Scroll to Top