Рајан Гослинг ја имаше веројатно најдобрата музичка изведба на Оскарите. Тој ја изведе песната I’m Just Ken од филмот Барби, која беше номинирана за најдобра песна, а во еден момент му се придружи и Слеш од бендот Guns N’ Roses. Инаку, Слеш учествуваше во создавањето на песната.
На Гослинг на сцената му се придружија и неговите колеги од филмот, а на крајот доби овации од публиката, која не го криеше ентузијазмот.
Гослинг излезе од сцената и влезе во толпата за да ги најде своите колешки од Барби, Америка Ферера, Маргот Роби и режисерката Грета Гервиг, кои му помогнаа да ја пее песната. Како што минуваше покрај неговата колешка во Ла Ла Ленд, оскаровката Ема Стоун минатата ноќ, тој ѝ го подаде микрофонот да отпее реплика – што таа го направи, импресивно, од збор до збор.