(Видео) Расел Бренд проговори за разводот со Кејти Пери: Таа не е многу нормална

Расел Бренд се осврна на својот брак со Кејти Пери во новата епизода од подкастот „Остани слободен со Расел Бренд“. Зборувајќи за разводот, тој откри дека на него не се навраќа со лоши спомени.

„Она што можам да ви го кажам е дека за време на мојот брак со Кејти Пери, сфатив дека таа не е сосема нормална – таа е извонредна поради нејзината слава – но не можам да кажам дека е чудна. Колку што видов, таа не се занимавала со ништо сомнително”, коментира тој.

„Причините зошто нашиот брак не успеа се нормални, човечки причини и немам ништо друго освен почит кон неа. Очигледно не се согласувам со нејзините политички мислења, но веројатно истото важи и за мојата сопруга Лора. Секогаш има несогласувања, нели?“, заклучи тој.

Scroll to Top