Ријана и Асап Роки се венчаа во новиот спот на раперот, за неговата песна D.M.B. Во видеото, Асап Роки носи златни протези на кои пишува „Омажи се за мене“, а Ријана, исто така со златна протеза, вели „да“. Таа во спотот носи црвен фустан со вел и букет во рацете, а луѓето околу нив фрлаат латици од рози.
Ова ги поттикна фановите да коментираат дека снимките од свадбата се вистински и дека Ријана и Асап веќе се венчале. Тие велат дека снимките делуваат како да се направени неодамна на Барбадос.
„Дали тие навистина споделија видео од својата свадба во спотот? Ова делува како да е снимено на Барбадос, а Ријана и Роки беа таму неодамна“, стои во коментарите.
Дел од кадрите се снимени пред околу една година или повеќе, оти Ријана во поголемиот дел од спотот не е бремена.