Пејачката Рита Ора (32) му се придружи на славниот авантурист Бер Грилс (47) во новата епизода од неговото шоу на National Geographic, Running Wild with Bear Grylls: The Challenge. Бер ја однесе на дводневна авантура во Невада, а Рита рече дека прво морала да стигне до местото каде што ќе започне нивниот опстанотк во дивината. Со себе рече дека си понела спреј за грло и балсам за усни.
За да стигне таму, Рита мораше да скокне од авион. Рече дека била среќна и весела пред да скокот, иако на почетокот и требало мало туркање. За време на летот ѝ излета мала пцовка, но ова искуство рече дека ѝ било одлично.
„Ова беше неверојатно. Какво возење“, рече Рита која додаде дека вистинската авантура се случила потоа.
View this post on Instagram
Пејачката рече дека успеала да преживее во негостопримлива средина. Бер е познат по своите интересни методи за преживување, а некои од нив ѝ ги покажа и на Рита за време на снимањето.
Во пустината морале да одат во потрага по вода. Кога нашле локва со кал ја собрале во стар чорап и ја исцедиле водата во шише. Наишле и на огромна змија, но Рита рече дека не се исплашила и дека била храбра. Бер ја научил да се качува по карпи. Иако ѝ било страв на почетокот подоцна го совладала.
View this post on Instagram
Рита рече дека еден од најинтересните моменти во емисијата ѝ била вечерата со печен гулаб кој го нашле во пустина.
За потсетување пејачката се венчаше со режисерот и комичар од Нов Зеланд Таика Ваитити. Неодамна и сподели фотографии од венчавката. Двајцата се запознале во 2018 година на приватна церемонија во Лос Анџелес, а почнале да се забавуваат во 2021 година.