Холивудските ѕвезди Роберт Де Ниро и Леонардо ди Каприо го промовираа предизвикот наречен All In Challenge, во кој се приклучуваат голем број познати личности. Двајцата глумци велат дека на овој начин се обидуваат да соберат 100 милиони долари, а мисијата е, во овие тешки и неизвесни моменти да им осигураат храна на сите.
Во хуманитарниот проект од самиот почеток е вклучен и режисерот Мартин Скорсесе, со кого двајцата веќе работат на филмот Killers of the Flower Moon, а на сетот имаат потреба од статист со големо срце.
„Семејствата со лоша имотна состојба, оние кои останаа без работа, децата, постарите лица и на сите кои им е потребна помош, можат да сметаат на нас и затоа имаме една молба за сите вас“, го најави проектот Де ниро, додека Ди Каприо кој е познат како долгогодишен хуманитарец, појасни дека каде ќе завршат донациите и како настанала идејата.
„Некој од вас ќе дојде на снимањето. Ќе се дружи со мене, Лео и Мартин. Ќе видите како изгледа снимањето, а ќе можете и да глумите“, вели Де Ниро и додаде дека донаторите ќе бидат поканети и на премиерата на филмот кој во кината ќе се појави следната година.
Одушевена од идејата, предизвикот веднаш го прифатила познатата водителка Елен Дегенерис, која ги номинираше Џастин Тимберлејк и Лора Дерн, а на овој предизвик веќе се приклучија Џастин Бибер, Кевин Харт, Двејн Вајд и многу други.