(Видео) Се шири никогаш претходно видена снимка: Лајвли го бакнува Балдони на снимање, а тоа не е дел од сценариото

Досега невиден клип од снимањето на филмот „It Ends With Us“ е објавен во јавноста, а неговото објавување би можело значително да ја промени правната битка меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони. Балдони, кој го режираше и глумеше во филмот, тврди дека клипот ги оспорува обвинувањата што Лајвли ги изнесе во нејзината тужба против него.

Според судските документи, тимот на Балдони доставил избришана сцена во која Лајвли импровизира бакнеж за време на снимањето – иако таа тврди дека импровизацијата на интимните сцени била дел од наводното сексуално вознемирување на кое била подложена на снимањето.

Контроверзната сцена, снимена во мај 2023 година, ја покажува Лајвли како му се приближува на Балдони во болничкиот ходник, го фаќа за рацете и го бакнува брзо. Адвокатскиот тим на Балдони тврди дека моментот не бил дел од сценариото и дека актерката го додала самата.

Што е познато за случајот досега?

Блејк Лајвли поднесе тужба против Балдони во декември 2024 година, обвинувајќи го за сексуално вознемирување, одмаздољубиво однесување и намерно нанесување емоционална повреда. Балдони силно ги негира сите обвиненија.

Во тужбата, таа изјави дека, по враќањето на снимањето во јануари 2024 година (по протестите во Холивуд), јасно побарала нови правила за снимање, вклучително и дека повеќе не треба да има импровизирано бакнување.

Балдони се обиде да ги тужи Лајвли, Рајан Рејнолдс и Њујорк Тајмс за клевета во јануари 2024 година, но тужбата подоцна беше отфрлена.

Лајвли неодамна изгуби дел од својот случај против експертот за односи со јавноста Џед Волас, кого го обвини за учество во онлајн кампања за клевета против неа. Судот пресуди дека Волас немала доволно врски со Њујорк и дека ако сака да го продолжи случајот, треба да го продолжи во Тексас.

Адвокатите на Лајвли тврдат дека тимот на Балдони користел апликации за автоматско бришење, гласовни белешки и други дигитални алатки за да ги прикрие комуникациите и да го комплицира доказниот процес. Некои поранешни вработени во ПР компании кои работеле со Балдони наводно го потврдиле ова за време на сведочењето.

Судењето во случајот помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони е закажано за 9 март 2026 година.

Филмот беше голем хит
„It Ends With Us“ стана еден од најголемите блокбастери во 2024 година, но неговиот успех беше целосно засенет од долготрајната, јавна расправија меѓу главните ѕвезди.

Заплетот на филмот, кој самиот по себе е за насилна и токсична врска, сега иронично отсликува повеќемесечна правна битка надвор од екранот, а новите снимки само додаваат масло на огнот.

фото: принтскрин

Scroll to Top