Сопругата на Брус Вилис Ема Хеминг Вилис зборуваше за нејзината состојба и проговори за тешкотиите со кои се соочува додека се грижи за сопругот кој боледува од афазија. Рече дека вложува сериозен напор, но исто така се обидува да го живее животот најдобро што може и дека Вилис би го сакал тоа.
„Ве молам да размислите и да продолжите секогаш да ја барате таа една убава работа или момент во денот. И се надевам дека ќе можете сериозно да ме сфатите како е да си во моја кожа“, рече Ема и додаде дека тоа го прави за себе децата.
„Брус не би сакал да живеам поинаку“, рече Ема и додаде дека тешко се справува со битката на нејзиниот сопруг со деменцијата.
„Значи, не сакам погрешно да се протолкува дека сум добро, бидејќи не сум. Не ми е добро“, рече таа и додаде дека не ѝ е лесно да се грижи за сопругот и дека го гледа и своето здравје.
View this post on Instagram
„Кога не се грижиме за себе, не можеме да се грижиме за некој што го сакаме“, објасни Ема и нагласи дека го прави тоа што најдобро го може.
Брус минатата година откри дека боледува од афазија, тешко пореметување кое влијае на говорот. Откако стана позната неговата дијагноза, актерот се повлече од Холивуд и ретко се појавуваше во јавноста.
Откако се откажа од глумата времето го поминува со семејството. Во меѓувреме состојбата му се влоши, а семејството, меѓу кои и поранешната сопруга Деми Мур, секојдневно му помага.
Семејството во февруари откри дека на Вилис неодамна му била дијагностицирана деменција.
„Откако објавивме дека на Брус му беше дијагностицирана афазија во пролетта 2022 година, неговата болест напредува и сега имаме поконкретна дијагноза, фронтотемпорална деменција позната како FTD. За жал, проблемите во комуникацијата се само еден од симптомите на болеста со која се справува Брус. Иако е многу болно, олеснување е што конечно имаме јасна дијагноза“, објавија од семејството.