(Видео) Шакира го прослави освојувањето на Греми со своите синови: таа им се обрати и на имигрантите во САД

Албумот на Шакира, Las Mujeres Ya No Lloran беше награден со Греми за најдобар латино поп албум, а по тој повод Шакира ја почести публиката со својот прв настап на наградите по 18 години. Колумбиската пејачка ги воодушеви своите фанови со стомачниот танц, а потоа го отпеа својот голем хит Shakira: Bzrp Music Sessions Vol. 53, во која таа пееше за изневерувањето на нејзиниот невенчан партнер Жерар Пике.

Во својот говор Шакира наградата што и ја врачи Џенифер Лопез им ја посвети на сите имигранти во САД, велејќи: „Секогаш ќе се борам со вас!“

Нејзиниот говор е одговор на заканите на претседателот Трамп за масовни депортации поради кои многу имигрантски заедници се плашат. Но, покрај политичката порака, таа испрати и лична порака до нејзините омилени момчиња – синовите Саша (10) и Милан (12).

„Сакам да ја споделам оваа награда со моите деца. Многу сум горда на вас, на вашата добрина. Ви благодарам што ме поддржувате”, им рече таа на децата, кои ја гледаа како ја добива наградата од публиката во идентични светкави облеки.

Scroll to Top