(Видео) Синот на Бекам не го пуштија на забава на Модната недела во Париз

Синот на Дејвид Бекам, Бруклин Бекам (24) и неговата сопруга Никола Пелц (28) присуствувале на модната недела во Париз, а по ревиите кои ги посетиле им се случила непријатна ситуација. Сакале да влезат на Афтерпарти на Париската модна недела, но биле одбиени. Тоа беше само неколку часа откако неговиот татко претрпе загуба со неговиот фудбалски тим.

На социјалните мрежи брзо се прошири видео на кое се гледа дека не им е дозволено да влезат внатре. Според странските медиуми, на Бруклин и Никол им бил забранет влезот, откако почнал да се расправа со обезбедувањето на вратата. Како што изјавија извори за медиумите, им бил одбиен влез во познатиот клуб Распутин.

Не се знае за што разговарале ниту зошто им бил одбиен влез.

Двојката набрзо се свртела и го напуштила местото каде што се случила непријатната ситуација.

Инаку, сопружниците веќе со денови се во Париз каде посетија бројни ревии, но и забави организирани по повод Модната недела.

Scroll to Top