Во Зионсвил, во американската држава Индијана, на улица се појави необичен споменик со Тејлор Свифт, од нејзината малку морничава варијанта – скелет. Набргу потоа, на овој скелет му се придружи уште еден, кој го претставува Тревис Келче, ѕвездата на НФЛ, со кој Тејлор е во емотивна врска.
Авторката на ова дело, Михал Овенс, вели дека се работи за забава, и дека е во ред ако некому не му се допаѓа, бидејќи, како што тврди, на многумина им се допаѓа нејзината работа.
Тејлор Свифт, урива рекорди, дури и се измерени сеизмички активности на нејзините последни концерти, може да се очекува да заработи повеќе од милијарда долари од нејзината турнеја, што е само уште една во низата нејзини успеси.
Нејзиниот албум „Midnights“, објавен на крајот на 2022 година, беше најпродаван со 1,8 милиони примероци. Светската турнеја на Тејлор „Ерас“, која има 131 концерт и моментално ги полни стадионите низ САД, најверојатно ќе биде турнејата со најголема заработка на сите времиња. Кога ќе заврши следната година, се предвидува да собере 1,4 милијарди долари.