лумицата Џејда Пинкет Смит, призна дека била во врска со 21-годишниот рапер Август Алсин, кој е пријател на нејзиниот син. Тоа тоа го кажа во своето ток-шоу „Разговор на црвена маса“, а во кое гостин ѝ беше нејзиниот сопруг Вил Смит. Актерката призна дека била во врска со Алсин една недела откако тој изјави дека се гледале, но глумицата на почетокот ја негираше врската.
Во емисијата, Џејда откри дека сè се случило во моментите кога нејзиниот брак со Вил бил во криза.
„Ние се оддалечивме и потоа влегов во врска со Август. Бев ранлива и скршена“, рекла таа и открила дека врската траела неколку месеци.
Во емисијата Џејда кажува и дека со Вил се обиделе да се одвојат еден од друг, но повторно сфатиле дека тоа не е можно. Кога ја прекинала врската со младиот рапер, таа се смирила со Вил, а потоа престанала да разговара со музичарот.
И покрај кризата, славната двојка повторно е заедно и тие тврдат дека имаат безусловна љубов еден за друг. За нив со години се коментира дека имаат отворен брак и дека се обожаватели на оргии.