(Видео) Таа само се појави и го откри трудничкиот стомак: Никој не го очекуваше ова

Сиена Милер присуствуваше на доделувањето на наградите „Fashion“ во Лондон, а за таа пригода одлучи да облече „гола“ облека која открива сè. Станува збор за нежна креација од модниот бренд „Живанши“, и е дел од колекцијата пролет/лето 2026.

Проѕирната бела облека ги истакна нејзините бујни гради, но и фактот дека е во доцна бременост. Со нејзиното појавување на овој престижен моден настан, таа неочекувано откри дека е бремена и дека го очекува своето трето дете.

Својот стајлинг го комплетираше со минимална шминка во голи тонови, брановидна фризура, но и блескава насмевка што постојано им ја даваше на фотографите на црвениот тепих.

Сиена веќе има едно дете со својот партнер Оли Грин, а сега очекуваат уште едно. Актерката има и ќерка, Марлоу, со својот поранешен сопруг Том Стариџ.

Scroll to Top