(Видео) Трамп ја остави Меланија да накисне на дождот

Првиот човек на САД својата сопруга Меланија Трамп и синот Барон во текот на невремето ги остави на меѓународниот аеродром „Палм Бич“ на Флорида кога тој го зеде чадорот за да си ја заштити косата и се качи во авионот.

Неговото семејство остана на отворено.

Не е познато дали Трамп им понудил на Меланија и Барон да застанат под големиот чадор.

Семејството Трамп се враќа во Вашингтон по долгиот празничен викенд во Мар-а-Лаг.

Претходно вакви слични моменти доживеа Меланија кога Трамп одби сопругата да ја држи за рака.

Исто така, во еден момент влезе во автомобилот, а претходно не ѝ ја отвори вратата за таа да влезе прва.

Во меѓувреме демонстрантите се собраа во близина на одморалиштето за да протестираат против Трамп. Нивната причина за протестот се омаловажувачките изјави на Трамп за Хаитите и африканските земји.

Еден демонстрант држеше знак на кој го покажува Трамп како диктатор покрај Мусолини, Хитлер и Сталин.

Друг држеше знак: „Престанете со расизмот, Трамп. Хаити придонесе за слободата во САД“.

Повеќе фотографии видете на следниот линк:

 

Scroll to Top