Витни не умре од дрога

Боби Браун, поранешниот сопруг на Витни Хјустон, тврди дека дрогата не била причина што таа се удавила во када. Според вештачењето, во организмот на пејачката биле пронајдени траги од кокаин.

„Сметам дека Витни не умре од дрога. Работеше напорно и вложуваше голем напор да биде трезна“, рекол Браун за магазинот „Ролинг Стоун“. „Ја уби скршеното срце.“

Витни беше пронајдена мртва на 11 февруари 2012 година, во кадата на својата гостинска соба во Беверли Хилс. Аутопсијата покажа присуство на 0.68 микрограми кокаин по милилитар крв. Резултатите покажаа и присуство на марихуаната, лек за лечење анкциозност, лек за опуштање на мускулите и лек против алергија. Но според иследникот, лековите не биле причина за смртта.

Брзо потоа почина и нејзината ќерка Боби Кристина Браун. Таа, исто така, беше пронајдена када во несвесна состојба. И нејзината аутопсијата откри присуство на канабис, алкохол и лекови против анкциозност, а како главна причина за смртта е наведено давењето.

 

Scroll to Top