Во друштво на бившата и сегашната сопруга и петте ќерки Брус Вилис го прослави 68-от роденден

Брус Вилис во друштво на бившата сопруга Деми Мур, сегашната Ема Хеминг и петте ќерки го прослави 68 роденден. И Ема и Деми Мур споделија видео од прославата.

„Денес му е роденден на мојот сопруг. Го почнав утрото со плачење“, рече Ема и зборуваше за Вилис и предизвиците со кои се соочува поради болеста.

Втората објава на Ема е спој од видеа од патувањата и најважните моменти од животот со Брус.

„Тој е чиста љубов. Многу е сакан. И секогаш ќе го сакам. Среќен роденден сладок мој. Мојата роденденска желба за тебе е да продолжат сите да се молат за тебе“, додаде Ема.

Во видеото на Деми Мур, му ја пејат роденденската песна. За потсетување, Деми и нејзиниот поранешен сопруг имаат три ќерки: Румер (34), Скаут (31) и Талула (29), кои се придружија на прославата со нивните партнери. На роденденот беа и двете ќерки на Брус и Ема, Мејбел (10) и Евелин (8).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Scroll to Top