Актерката и водителка Падма Лакшми (53) неодамна присуствуваше на свечен настан на магазинот „Тајм“.
Убавата Падма на црвениот тепих прошета во сребрен мини фустан, а целото издание го заокружи со едноставна шминка.
На црвениот тепих ја придружуваше нејзината ќерка Кришна, која за настанот носеше едноставен црн фустан – ништо екстравагантно, но сепак елегантно.
Падма е јасен доказ дека природната убавина сè уште е врвна и дека дури и во својата шеста деценија изгледа неверојатно.