“Волвото” на Боуви се продаде по цена од 212.800 швајцарски франци

Автомобилот Волво 262C, во сопственост на британскиот музичар Дејвид Боуви, беше понудено на аукција во Швајцарија по цена од 3 пати поголема од неговата оригинална вредност. Како што известува локалниот сајт, купувачот, чие име не е споменато, плати рекордни 212.800 швајцарски франци за автомобилот по првична проценка од 65-75 илјади франци.

 

“Волвото” на Боуви е произведен во 1981 година, и е последниот преостанат модел во оваа серија. Според аукциската куќа, големиот изведувач го користел автомобилот до 1998 година, со само 53.000 километри за тој период.

 

Дејвид Боуви почина во јануари 2016 година на 69-годишна возраст од рак на црниот дроб. За време на неговата кариера има продадено повеќе од 136 милиони записи и е еден од првите десет успешни уметници во историјата на британската популарна музика.

Scroll to Top