Засрами се, Викторија Бекам!

Викторија Бекам ја промовира својата нова колекција очила, но доби многубројни критики поради изборот на моделите.

За рекламните фотографии за колекцијата пролет/лето 2018 година славната дизајнерка ангажира преслаба манекенка за која многумина коментираа дека изгледа анорексично и наместо очила, таа промовира нарушување во исхраната.

„Токму поради фотографии како оваа, мојата веќе слаба ќерка смета дека треба да јаде помалку“.

„Зошто да користиш модел кој очигледно има нарушување во исхраната. Тоа не им испраќа добра порака на младите девојки и е тотално опасно и нереално. Вистинските жени не изгледаат така.“

„Моите очи дури не ги ни забележаа очилата. Фокусот беше на моделот. Болно слаба! Бекам треба да се засрами што промовира нарушување во исхраната. Нејзината мала ќерка е потешка од нејзините модели. Срамота“. Ова се само некои од коментарите што ѝ ги упатија жените на Бекам.

 

Scroll to Top