Американскиот рапер Мариел Семонте Ор, познат како Трабл, бил застрелан во својот автомобил, пишуваат американските медиуми. Според полицискиот извештај тој починал на лице место. Трабл имаше 34 години.
„Жал ми е што ова ти се случи тебе, ова не го заслужи. Се молам за твоите деца и за твоето семејството“, напиша на „Твитер“ неговата поранешна девојка Алексис Скај.