Џенифер МекБрајд која учествувала во кражбата на кучињата на Лејди Гага, сега одлучила да ја тужи пејачката затоа што не ја добила наградата од 500 илјади долари, пишува ТМЗ.
Џенифер изјавила дека Гага ветила дека ќе и плати голема сума на пари на личноста која ќе и ги врати кучињата.
Џенифер требало да добие 500 илјади долари, а сега бара отштета од 1,5 милиони, како резултат на наводното објавување на измамата.
Лејди Гага сè уште не се има огласено во јавноста во врска со тужбата.
Рајан Фишер, шетачот на кучињата на Гага беше нападнат на 24 февруари 2021 година додека ги шетал трите куче во Лос Анџелес. Бил нападнат од неколку мажи и му биле украдени кучиња. Рајан бил застрелан, па итно пренесен во болница, каде преживеал. Човекот кој се наведува како главен виновник, е Џејмс Хауард Џексон, тој не го оспорил обвинението за обидот за убиство и доби 21 година затвор.
Џенифер, наводно, била во врска со таткото на еден од мажите одговорни за напаѓање на Рајан. За учеството во кражбата, таа добила две години условна казна.