Една од најпознатите манекенки на светот, Жизел Бундхен прослави деветгодишнина од брак со нејзиниот сопруг Том Брејди. На деветгодишнината таа на „Инстаграм“ објави фотографија од нивната свадба. Ова е првпат Жизел да сподели со јавноста фотографија од венчаницата. Веднаш доби бројни комплименти за сметка на својот изглед и за изборот на фустанот од тантела и вел.
Жизел и рагби-играчот се венчаа во црква во Санта Моника.