Зои Дешанел и Џонатан Скот се свршија, актерката објави слика со дијамантскиот прстенот

Холивудската љубовна приказна помеѓу актерката Зои Дешанел и Џонатан Скот се свршија, по четири години врска.

43-годишната актерка не можела да ја задржи радоста па сподели на Инстаграм, покажувајќи го својот блескав дијамантски прстен.

„Засекогаш почува сега“, напиша таа на Инстаграм под заедничката фотографија со Џонатан.

Случајно, оваа вест следи по нивната неодамнешна прослава на четвртата годишнина.

Според „Пипл“, живописната позадина за запросувањето била на семејно патување во Шкотска. Изборот паднал на оваа земја затоа што за Џонатан емотивно го поврзуваат со неговите предци.

Парот врската наводно ја започнал по гостувањето во караокето на Џејмс Кордн во 2019 година кога по снимањето заминале на караоке вечер во Лос Анџелес.

„Сите тие беа талентирани и спонтани… Станаа пријатели откако сфатија дека има уште повеќе“, открил изворот.

Месеците потоа забележани се рака под рака на состаноци, запечатувајќи ја нивната врска со официјален бакнеж за време на снимањето на „Денсинг вит д старс“.

 

Scroll to Top