Зои Кравиц и Ченинг Тејтум ја прекинаа врската

Ченинг Тејтум и Зои Кравиц раскинаа по три години врска, пишува магазинот People.

Тие се верија минатата година, но извори блиски до 44-годишниот актер и 35-годишната актерка тврдат дека на врската и дојде крајот.

На почетокот на септември, актерот ја објави нивната последна фотографија на Инстаграм, на која се гледа како Зои лежи врз него.

За потсетување, пред врската со Зое, Ченинг Тејтум беше девет години во брак со актерката Џена Диван.

Scroll to Top