Шпанија е европски шампион во ракомет

Репрезентацијата на Шпанија е европски шампион во ракомет. Тие во финалето, што се играше во Стокхолм, ја победија Хрватска со 22-20. Со ова Шпанија стана првата селекција, по Шведска, што успеала да ја одбрани титулата на Европското првенство.

Во драматичен натпревар, кој се играше изедначено и беше полн со пресврти, на крајот подобри беа ракометарите на Шпанија. Тие не им дозволија на хрватските ракометари да го освојат првото злато на европските првенства.

Во репрезентацијата на Шпанија најефикасен беше Алекс Гомез кој даде пет гола. Голмантот Де Варгас имаше осум одбрани. Најдобар стрелец во хрватската репрезентација беше Домагој Дувњак. Дувњак е избран и за најдобар ракометар на целото Европско првенство.

Вчера, во натпревар за третото место, Норвешка ја победи Словенија.

 

Scroll to Top