Атлетичар ја побара девојка си за сопруга на охридскиот маратон

Возбудувањата на 33. издание на Меѓународниот охридски атлетски маратон ги засили и предлогот за брак. Атлетичарот Никола Ивановски по влегувањето во целта ја побара за сопруга својата девојка Сандра Стоилковска. Предлогот за брак беше напишан на неговата бела маица. Оваа наиде на воодушевување кај  присутните, кои беа дојдени да го следат маратонот што викендов се одржуваше во Охрид.

 

Scroll to Top