Американската телевизиска куќа „CNN“ создаде листа од 50 десерти за кои смета дека се најдобри на светот, а на листата се најде и еден од омилените десерти на Балканот – баклавата.
Тие ја опишале баклавата како десерт со повеќе слоеви и напоменале дека станува збор за прелиен колач. Исто така, потсетиле дека баклавата е наследство на Отоманското Царство.
Левант, Балканот, Кавказ и Северна Африка се местата каде што овој десерт е исклучително популарен и од Си=ен-ен нагласуваат дека станува збор за делови од светот во кои владееле Османлиите.
Турција е наведена како „духовен дом“ на баклавата. Телевизиската куќа истакнува дека во оваа земја се служи исклучително вкусна баклава исечена во облик на дијамант и истата се прави од ореви и се прелива со меден сируп.
Нагласиле и дека баклавата е само еден од познатите десерти кои се сметаат за оставина од Отоманското Царство, но со причина е најпознат. Како причина за тоа Си-ен-ен ги издвојува едноставните состојки и заклучува дека баклавата е токму еден од највкусните десерти во светот.