Британско радио ги забрани песните на Рита Ора

Откако пејачката Рита Ора организираше роденденска журка во ресторан за да го прослави 30. роденден и го прекрши законот во Британија за карантин и јавни собири, радиостаницата Exe ги забрани нејзините песни.

„Ријана ги прекрши правилата за карантин. Нашиот презентер на утрински вести Бен Кларк не е среќен поради тоа, па вели дека нема да ги пушта нејзините песни во блиска иднина“, стои во објавата на Твитер.

Ни фановите на пејачката не беа среќни што таа среде пандемија решила да се журка со пријателите. Тие јавно ја осудија Рита, а полицијата влезе на забавата, го затвори ресторанот и пејачката ја казни со 10.000 фунти. По ова Рита се извини, но во јавноста не престануваат да ја критикуваат.

Scroll to Top