Чарли Д’Амелио прва стигна до 100 милиони следбеници на „Тик ток“

16-годишната Чарли Д’Амелио е првата личност што има 100 милиони следбеници на „Тик ток“. Чарли до оваа бројка стигна за речиси една и пол година, а своето прво видео на „Тик ток“ го објави во мај 2019 година. Таа неодамна за еден ден изгуби половина милион следбеници по недоличниот коментар во јавноста, но набргу стекна нови следбеници.

Во изминатиот период Чарли се прослави толку многу што соработуваше со големи модни брендови, се појави во реклама што се прикажуваше на „Супер боул“, а популарните крофни од „Данкин донатс“ лансираа пијалак со нејзиното име.

Според магазинот The Verge, таа стигнала до 100 милиони следбеници за рекордно време, многу побргу во однос на која било друга платформа. За споредба, првиот канал на „Јутјуб“ што стигнал до 100 милиони следбеници тоа го направил за 14 години од моментот кога било објавено првото видео на каналот.

 

Scroll to Top