Чоколадна аукција за децата со аутизам

Јавни личности ја подржаа овогодишната четврта аукција на чоколадо насловена како „Чоколаден спектар“, која се одржа на 12 декември во ресторанот „Фор“. На аукцијата присуствуваа над 300 гости кои обезбедија над 300 000 денари донација, средства што ќе овозможат старт на првиот во регионот Центар за аутизам кој ќе работи во склоп на Фондацијата „СТЕМ академија“. Овој центар ќе биде единствен од таков вид во Македонија и во поширокиот регион со специјална стандардизирана програма за деца со аутизам на Lego Education, наречена Lego based therapy.

За убавите атмосфера се погрижија Пепи Ренџов, кој ексклузивно промовираше песна од најновиот албум, Џезилка, и Роки и пријателите, а водители беа Миланка Рашиќ и Виктор Петров – Викса.

Аукцијата на чоколадо ја организираше Здружението на граѓани „Позитивно“ .

 

Scroll to Top