Данскиот милијардер на кого му беа убиени трите деца во Шри Ланка доби близнаци

Данскиот милијардер Андерс Холч Повлсен, на кого минатата година му беа убиени трите мали деца во терористички напад во Шри Ланка, доби близнаци. Тој со сопругата Ен Холч Полвсен станаа родители на две прекрасни девојчиња.

„Во средата, 11 март, Ен и Андерс Холч Повлсен станаа родители на две прекрасни девојчиња. Сите се неверојатно среќни од двете мали принцези“, изјавила неговата секретарка Кристина Минстер.

Андерс и Ен ги изгубија трите од нивните четири деца за време на велигденските празници минатата година. Во бомбашките напади загинаа околу 253, а беа повредени над стотици граѓани. Тројца од загинатите беа и децата на Андерс и Ен, Алма, Агнес и Алфред.

На погребот присуствуваа бројни членови на данското кралско семејство, меѓу кои и премиерот Ларс Локе Расмусен. На комеморацијата пред погребот Андрес кажа дека тоа претставува несфатлив губиток за него и сопругата. Тој им се заблагодари на семејството и блиските пријатели за љубовта и поддршката што ја добиле во тешките моменти.

 

 

Scroll to Top