Дневен хороскоп за 20 декември

ОВЕН

Загрижени сте за својата работа и ви се чини дека работното место ви е загрозено. Можно е да ја идеализирате личноста која ви значи и немате доволно реална слика за нејзината личност. Несоница.

БИК

Нема да бидете претерано задоволни од ситуацијата на работа затоа што ве очекуваат нови потешкотии. Не сте заинтересирани за љубовна понуда која ви се укажала, и повеќе сакате да сте и натаму сами. Чувствителен нервен систем.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекуваат мали несогласувања на работа и генерално една тешка ситуација ќе биде денеска пред вас. Нема нови промени или почеток на врска. Ова поле засега ви е во фаза на стагнација. Болки во грбот.

РАК

Премногу очекувате од својата нова работа. Важно е да имате реални очекувања и да не носите одлуки нагло. Чувствувате дека партнерот ви е приврзан и максимално посветен и добро се чувствувате кога сте до него. Избегнувајте алкохол.

ЛАВ

Ве очекуваат проблеми со личност која е поврзана со вашето минато. Можно е да треба да решите некои од своите  долгови. Срамежливи сте и не ви е лесно отворено да покажете интерес кон симпатијата. Уринарниот тракт ви е чувствителен.

ДЕВИЦА

Не е поволен ден за работа, потрудете се денеска да не влегувате во нови вложувања затоа што нема да ви се исплати. Пред вас е период во кој може да бидат добри промени на полето љубов. Склони сте кон алергии.

ВАГА

Ве очекуваат мали компликации на работен план. Пред вас се некои важни одлуки кој ќе ви помоигнат да ги расчистите. Можно е да се двоумите и да не сте сигурни која личност да ја изберете за врска. Иритации на кожата.

СКОРПИЈА

Ќе имате прилично напорен ден и многу обврски ќе ве оптоваруваат. Потрудете се да се посветите на подобра организација. Не сте во прилика да бидете отворени кон личност до која ви е грижа и се чувствувате лошо поради тоа. Можен пад на имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Може да очекувате добра ситуација кога е во прашање ова поле. Се ви оди од рака. Пред вас е генерално добар ден. Можно е помирување со личност која ви значи. Ќе бидете задоволни. Болки во грлото.

ЈАРЕЦ

Успешно решавате некои мали проблеми и компликации, и задоволни сте од околностите на работа. Ве очекува прилика да му ги покажете на партнерот своите искрени емоции. Чувајте се од настинки.

ВОДОЛИЈА

Не сте подготвени да работите се она што ќе ви се каже, затоа што имате впечаток дека некој надреден се коси со вашите принципи. Саканата личност покажа дека сака да го направи првиот чекор понатаму во вашата врска, а вие на тоа сте подготвени. Потребно ви е повеќе сон.

РИБИ

Очекувате развој на ситуацијата која значајно ќе влијае на вашиот работен статус и на вашата зарабока. Партнерот покажува дека не е подготвен да ви пружи се што од него очекувате, и полека се ближите кон крајот. Мал пад на имунитетот.

Scroll to Top