Дневен хороскоп за 29 декември: Близнаците се заљубени, а стрелците ги чекаат многу пари

ОВЕН

Ѕвездите ви се наклонети на полето на работа. Подготвувате голема зделка со партнери од странство. На љубовен план работите се движат во посакуван правец. И со здравјето сè е во најдобар ред.

БИК

Имате недостиг на идеи и не знаете како да продолжите со работата. И на љубовен план не цветаат рози. Несреќен сте во врската и барате начин како да излезете. Внимавајте на здравјето, особено исхраната.

 

БЛИЗНАЦИ

Работите не се одвиваат онака како што сте имале замислено. Постојано ви се трупаат проблеми и незавршени задачи од претходно. Имате симпатија и постојано сте во контакт. Имате желба отворено да ѝ кажете што чувствувате. Внимавајте на здравјето и проблемите со урогениталниот тракт.

 

РАК

Ви пречи метежот на работа. Барате промени. Незадоволни сте и во љубовта и односот со вашиот брачен партнер. Имате чувство дека тој или таа не е заинтересиран/а за вас. Внимавајте на здравјето и проблемите со притисокот.

 

ЛАВ

Ве чекаат голем број проблеми и нерешени задачи на работа. Обидете се да ги решавате полека, еден по еден. На љубовен план, работите изгледаат одлично. Брачниот партнер се обидува да ви ја пружи љубовта и поддршката која ви е неопходна. Внимавајте на здравјето и проблемите со реумата.

 

ДЕВИЦА

Одлично ви оди на работа. Комуникативни сте и колегите ве обожаваат. Успешно ги завршувате обврските и преговорите со соработниците. На љубовен план сте скршени. Сакате да бидете сами. Не сте подготвени за врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со коските.

 

ВАГА

Креативни сте и постојано правите нови планови. Во љубовта работите исто така се одвиваат во посакуван правец. Имате одличен однос со вашиот брачен партнер. Внимавајте на здравјето и дишните органи.

 

ШКОРПИЈА

Работата е во застој. Незадоволни сте од тоа како се одвиваат работите, особено во делот со бизнисот поврзан со странство. Имате редовна комуникација со симпатијата, но не сте подготвени за врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со црниот дроб.

 

СТРЕЛЕЦ

Работата се одвива во позитивен правец, без никакви потешкотии. Имате во план да започнете и приватен бизнис, но не сакате премногу да откривате пред колегите. Очекувајте и ново познанство, а можеби и љубов. Внимавајте на здравјето.

 

ЈАРЕЦ

Максимално сте посветени во извршувањето на работните обврски. Носите одлуки без да се колебате. Имате тајна симпатија, но се двоумите дали сакате во овој момент да бидете во врска. Со здравјето сè е во ред.

 

ВОДОЛИЈА

Полни сте со позитивна енергија и ентузијазам. Целата сила ви е насочена кон обврските и ги решавате во краток временски период. Брачниот партнер и натаму буди љубов и страст во вас. Со здравјето сè е во најдобар ред.

РИБИ

На работа сте самоуверени и цврсто газите кон зацртаната цел. Уживате во друштвото на вашиот партнер. Неговата поддршка ви значи многу. Имате слични сваќања за многу работи. Со здравјето сè е во најдобар ред.

 

Scroll to Top