Доктор им прости 650.000 долари на 200 пациенти болни од рак

Американскиот онколог, доктор Омар Атик, лани на крајот на годината го затвори својот центар за лекување рак по речиси 30 години и им ги прости долговите во вредност од скоро 650.000 долари на 200 пациенти. Ова решил да го направи откако сфати дека многу од нив имаат проблеми да ги платат парите што му ги должат, јави „Би-би-си“.

Докторот работел со компанија за наплата на долгови за да собере неплатени исплати, но подоцна сфатил дека многу семејства биле финансиски погодени од пандемијата. На Божик, тој им напишал порака дека сите долгови ќе им бидат простени.

„Со текот на времето, сфатив дека има луѓе кои едноставно не можат да платат. Така, јас и сопругата, како семејство, размислувавме да им го простиме целиот долг. Видовме дека можеме да го сториме тоа и така направивме“, рекол д-р Атик во емисијата „Добро утро Америка“.

Тој ја основал Клиниката за карцином во Арканзас во 1991 година, за да им обезбеди третман, вклучително и хемотерапија, на лецата болни од рак во тој регион.

Тој сега е професор на Универзитетот за медицински науки во Арканзас во Литл Рок.

Scroll to Top