Др. Цули Софијанова и цел тим од Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, денеска попладне транспортираа дете со сложена клиничка слика во Џенова, Италија. Детето од Скопје до Џенова, каде што веќе пристигнаа со авион, го придружуваше специјалниот медицински тим од Институтот „Џанина Џаслини“, предводени од Андреа Москатели, директорот на неонатолошката болница.
Директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова и целиот медицински тим од одделението за интензивна нега и лекување и онколошкото одделение, претходно го подготвија детето за лекувањето во Италија.



