Дресот што Пеле го носеше на последниот натпревар во кариерата продаден за 30.000 евра

Дресот што бразилскиот фудбалер Пеле го носеше на последниот меч што го одигра во кариерата е продаден на аукција во Торино. Дресот со бројот 10 го купи Италијанец кој сакал да остане анонимен. На аукцијата беа продадени и други дресови, но оној на Пеле беше најскапо продаден.

Пеле, кој сега има 79 години, последниот натпревар го одигра во јули 1971 година на „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Тоа беше пријателски меч против репрезентацијата на поранешна Југославија. Пеле е единствениот фудбалер со три титули светски првак. Тој за Бразил даде 77 гола на 92 натпревара.

 

Scroll to Top