(Фото) Децата на богати родители се пофалија со подароците

Децата на богаташите често се фалат во групите на  социјалните мрежи, исклучиво наменети за нив, со луксузните подароци што ги добиваат од своите родители.

Тие своето богатство и луксузот што можат да си го дозволат најчесто ги објавуваат на „Инстаграм“. Оваа година некои од нив позираат раскошно пред украсените елки и ги покажуваат подароците под елката.

Некои добиле нова брендирана чанта, а некои ново „порше“. Некои се снимиле како излегуваат од приватни авиони, а други објавиле семејни фотографии од раскошните куќи за време на празниците.

Некои од децата на богатите ужуваат на скијање, а на социјалните мрежи се најде и фотографија од еден Германец кој својата елката место со лампиони ја накитил со евра.

Scroll to Top